Матијас Лесор доби зелено светло за настап на претстојното Светско првенств, со што и официјално беше затворен списокот на 12 кошаркари со кои Франција ќе патува на Мундобаскетот.
Лесор ќе му се приклучи на францускиот тим во Џакарта во вторник. Тој нема учествувано на ниту еден пријателски натпревар поради проблемите со глуждот, но ќе биде комплетно „фит“ до стартот на првенството.
Списокот од 12 играчи со кои Франција оди на СП го предводи НБА ѕвездата Руди Гобер. Во списокот се вклучени и неговите сонародници, исто така кошаркари во НБА, Еван Фурние и Николас Батум.
Франција на Мундијалот ќе игра во групата „Х“ заедно со Летонија, Либан и Канада.
Списокот на Франција за СП 2023:
Силвиан Франциско (Баерн Минхен)
Нандо де Коло (Асвел)
Исаја Кординие (Виртус Болоња)
Ели Окобо (Монако)
Еван Фурние (Њујорк)
Јакуба Уатара (Монако)
Тери Тарпеј (Монако)
Николас Батум (ЛА Клиперс)
Жерсон Јабуселе (Реал Мадрид)
Матијас Лесор (Панатинаикос)
Мустафа Фол (Олимпијакос)
Руди Гоберт (Минесота)