Маџунков има повреда на коленото, ќе паузира за да биде „фит“ до ЕП 2023

244

Македонската одбојкарска репрезентација и вечерва на завршниот натпревар на Меморијалниот турнир „Чајка“ во Скопје ќе мора да настапи без нашиот прв среден блокер Филип Маџунков. Новото засилување за белгиски Лувен се повреди на првата средба против Јапонија, поради што не можеше да настапни на вчерашниот дуел со Египет, а и вечерва ќе го нема на паркетот во СЦ „Борис Трајковски“ за дуелот со Грција.

Маџунков има повреда на коленото со која се мачи подолго време, па поради отокот ќе мора да направи неколкудневна пауза.

„Тоа е една стара повреда која Маџунков ја влече подолго време. Имаше прегледи и интервенција пред мечот со Египет, па сега мора да мирува. Без него ќе бидеме и на дуелот со Грција“, вели селекторот на нашата репрезентација Јошко Миленкоски.

Мечот со Грција вечерва од 20.15 часот е завршен дуел на 47. издание на меморијалниот турнир „Чајка“ во Скопје. Претходно од 17.30 ќе играат Египет и Јапонбија. Влезот во салата и за двата меча е слободен.

ПретходноШпанките се нови светски шампионки! (ВИДЕО)
СледноМбапе испрати порака до фановите (ВИДЕО)