Меси со гол му го донесе првиот трофеј на Интер Мајами (ВИДЕО)

681

Тимот на Интер Мајами, на чело со Лионел Меси е освојувач на Лига Купот во МЛС Лигата откако по подоброто изведување на пеналите беа подобри од тимот на Нешвил.

Секако, во регуларниот дел, како што е тоа обичај откако пристигна во САД, Лионел Меси постигна прекрасен гол, уште еден во низата откако е дел од Интер Мајами.

Со ова Лионел Меси од денеска стана фудбалерот со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот. Досега го делеше првото место со Дани Алвеш со 43 освоени пехари, но откако Интер Мајани го освои Лига купот дојде до својот 44. трофеј и сега е сам на челната позиција на вечната листа.

ПретходноМитровиќ и официјално претставен во Ал Хилал
СледноЃоковиќ и Алкараз во финалето во Синсинати