Поточно од тимот на Поли Ласи каде што беше член изминатиот период. Повремениот македонски репрезентативен голман по епизодата во Казахстан во тимот на Каспиј, замина во Романија, но и оваа епизода за Јанков наскоро завршува па него есенва ќе го гледаме во нов клуб.
Јанков е дете на Работнички, каде што ја доби својата шанса, и полна афирмација како еден од најдобрите голмани кои се појавиле во мак фудбалот изминатите години. Беше стандарден младински репрезентативец на Македонија, а често беше дел и од триото А репрезентативни голмани.