Во ретко видена драма, тимот на Динамо Загреб на чело со нашиот Стефан Ристовски синоќа испадна од квалификациите за Лигата на Шампионите во дуелот со АЕК во Атина. Прими два гола во судиското продолжение и од 0:2, мечот заврши 2:2, со што домаќинот мина понатаму.
Динамо сега борбите ги продолжува во Лигата на Европа каде што во третото квалификациско коло ќе се сретне со Спарта Прага, која што испадна во двомечот со Копенхаген.
Првиот меч се игра веќе вчетврток во Загреб, а реваншот една недела подоцна.