Вардар 1961 е најтрофејниот клуб кога станува збор и за Меѓународниот струшки турнир. „Црвено-црните“ во финалето го совладаа Алкалоид со 25-20 и го подигнаа 14. трофеј.
Пред доделувањето на пехарот беа прогласени и најдобрите. Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски е најдобриот голман. Ова признание со право отиде во неговите раце, без него Вардар 1961 немаше да стигне до пехарот, додека МВП наградата ја зема Јапонецот, Косуке Јасухир. Најдобар стрелец со 18 гола е Мерис Бошњак од Струга.