Женската фудбалска репрезентација на Шпанија е нов светски првак. Шпанките денеска со минимална победа од 1:0 славеше над европскиот првак Англија во финалето на деветтото Светско првенство за жени. Олга Кармона го постигна единствениот гол на натпреварот, достоен за пехарот наменет за светските шампиони.
За двете селекции ова беше прво финале на Светско првенство. Шпанките беа поконкретни, поведоа во првиот дел, а имаа шанса од пенал во второто полувреме и предвреме да го решат новиот светски владетел. Сепак, Хермосо не успеа да погоди од белата точка, па драмата беше присутна до самиот крај.