Како што утринава отказ доби досегашниот стратег на Динамо Загреб, Игор Бишчан, така управата на „Модрите“ назначи нов стратег. Се работи за досегашниот тренер на тимот на Ријека, Сергеј Тахировиќ кој веднаш ја презема функцијата.
Младиот и перспективен стратег ќе дебитира веќе вчетврток кога Динамо гостува во Прага кај Спарта во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.
Со ова нашиот Стефан Ристовски и неговите соиграчи заокружуваат една етапа од опстојувањето на Максимир и почнуваат нова, со нов тренер.