За овој млад играч прашале 23 клубови, но Атлетико со еден потег ги одбил

341

Шпанскиот левокрилен напаѓач Родриго Рикелме Рече или попознат како Роро е хит на трансферниот пазар ова лето затоа што за него се интересирале дури 23 клубови, пренесува „Марка“.
Од шпанската Ла Лига само Барселона, Реал Мадрид и Кадиз не прашале за него. Од другите интерес пројавиле и Наполи, Феенорд, Клуб Бриж, Брага, Астон Вила, Шефилд Јунајтед…
Атлетико од прва бил расположен за продажба, но поставиле цифра од 30 милиони евра. А никој не бил расположен да плати толку.

Бетис бил најзагреан за него, се обидел да ја намали сумата но „јорганџиите“ не попуштиле.
Роро ќе остане во Атлетико и ќе чека шанса од Диего Симеоне за првиот тим. Инаку овој играч минатата сезона играше на позамца во Борнмут во Чемпионшип, па во Мирандес, а во дебитантската сезона во Примера во дресот на Џирона постигна четири гола и четири асистенции.
На крајот Диего Симеоне не сака да го пушти за мала сума. Даде дозвола за Феликс и Лемар да одат, но не и Роро.

ПретходноПМФЛ: Шампионот ќе ја проверува силата на Брера Струмица!
СледноКомити: Играчите да се замислат за односот на терен