Баерн се согласи да му го продаде Павард на Интер, но само под еден услов

545

Баерн начелно се согласил за продажба на Бенжамин Павард.

Новинарот Фабрицио Романо тврди дека Баерн Минхен се договорил со Интер за трансфер на дефанзивецот за 30 милиони евра и уште 2 до 3 милиони во вид на бонуси. Се е договорено и со претставниците на играчот.

Во исто време, германскиот шампион го известил Интер дека нема да склучи договор се додека не најде замена за Французинот.

Претходно, извршниот директор на Интер, Бепе Марота изјави дека Павард прифатил да му се приклучи на италијанскиот тим.

ПретходноШвеѓанецот Стал со нов рекорд на СП го „грабна“ златото во фрлање диск (ВИДЕО)
СледноРичардсон со нов рекорд на светските првенства стана најбрза жена на планетата! (ВИДЕО)