Ужасни вести од Ирска. Двајца натпреварувачи починале за време на трка на натпреварувањето Ајронмен. Се работи за триатлон трка, а за време на натпреварувањето, организаторите приметиле дека двајца учесници имаат проблем и дека им е потребна лекарска помош.
Сепак, лекарите не можеле да направат ништо освен да констатираат смрт.
„Тажни сме што ја потврдуваме смртта на двајца учесници на Ајронмен Ирска, Корк 2023“, пишува во нивната објава.
Ајронмен е дисциплина ултра-триатлон кое се состои од 3,800 метри пливање, потоа 180 километри возење на велосипед и 42,195 метри трчање.