Динамо Загреб казнет – без навивачи на гостувањата

68

Динамо Загреб доживеа елиминација во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите во двомечот со АЕК Атина. Сепак, она што се случуваше надвор од терените беше главна тема од самите натпревари. Во Атина се случија нереди во кои беше убиен навивач на АЕК, па мечот беше одложен.

Додека се уште се истражува кој е виновен за смртта на грчкиот навивач, УЕФА го санкционира Динамо. Па „модрите“ немаат право за гостински навивачи на сите европски натпревари до крајот на сезоната.
Динамо во наредната рунда, во плеј-офот за ЛЕ ќе игра против Спарта од Прага.

„Според проценката на УЕФА, сите натпревари во кои ќе учествуваат гостински навивачи на Динамо се од висок ризик. Тоа беше потврдено со тежината на инцидентот поради присуството на фанови на Динамо во Атина и покрај одлуката да не им се продаваат билети. Тоа е истакнато во извештајот со информации за инцидентите од грчките органи“, стои во соопштението на УЕФА.

ПретходноКоко Гoф e најмладата освојувачка на трофејот во Синсинати
СледноЛапорт се договорил со Ал Наср за годишна плата од 20 милиони евра