Дробаров и Черно Море по триумфот над Лудогорец се лидери во Бугарија

199

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров со својот тим Черно Море се лидери на табелата во Бугарскиот шампионат откако викендов во големото дерби го совлада тимот на Лудогорец.

Победата од 1:0 е петта во шест мечеви за тимот на Чермо Море по што лидерското место за Дробаров и неговите соиграчи е нормален развој на настаните.

Дробаров има одлична сезона зад себе, зборуваме за онаа минатата, а и годинава е една од главните карики на клубот кој има очигледно амбиции но и квалитет за највисок пласман.

 

ПретходноРК Бутел потпиша договори со тројца млади ракометари
СледноЕкспресна реакција во Загреб: Сергеј Јакировиќ е нов тренер на Динамо