Занго, конечно, освои злато, Холовеј направи хет-трик на 110 метри со пречки (ВИДЕО)

115

Светскиот рекордер во трискок во сала, Фабрис Занго, ја освои планетарната титула во Будимпешта и сега има комплет медали од првенствата на отворено. 30-годишниот рекордер од Буркина Фасо златниот медал во Будимпешта го обезбеди со скок од 17,64 метри во петтиот обид.

Кубанците Лазаро Мартинез и Кристијан Наполес ги освоија среброто и бронзата. Мартинез за среброто прескокна 17,41 метри, додека Кристијан Наполес забележа личен рекорд од 17,40 метри.

Американецот Грант Холовеј на супериорен начин го освои златото на трката на 100 метри со пречки. 25-годишниот Американец беше единствениот од финалистите кој истрча под границата од 13 секунди и со време 12,96 секунди и го обезбеди своето трето последователно злато на СП. Среброто го освои Хансле Пергамент (13.07) од Јамајка, додека бронзата му припадна на сонародникот на Холовеј, Даниел Робертс (13.09).

ПретходноРичардсон со нов рекорд на светските првенства стана најбрза жена на планетата! (ВИДЕО)
СледноПулишиќ го однесе Милан до премиерна победа во Серија А (ВИДЕО)