Екипата на Вардар по три одиграни кола е без бодови, откако претрпе порази против Брера, Шкупи односно Воска.
Еуфоријата и ентузијазмот во „црвено – црниот“ табор како да спласнува, а тоа не смее да се случи. Напротив, сезоната во ПМФЛ шампионатот е долга има уште многу да се игра но Вардар мора да почне да освојува бодови.
Навивачката група Комити, кои во моментов и се во раководните структури на клубот смета дека вчерашниот меч не смее да се повтори од аспект на однос на играчи на терен. Воска го надигра во Охрид Вардар во дуел во кој заврши 3:2.
„Ниту забраната за гостување, ниту резултатите на клубот, нема да не спречат!
Вчерашниот натпревар заврши со молк. На фудбалерите не им дадовме поддршка туку опомена и дознаење дека не смеат да си дозволат, да ги преминат нашите црвени линии.
Нас нѐ не болат резултатите, туку играта и најголемиот наш пораз не е во немањето бодови, туку во немањето желба. Тоа е она што мора да се промени!
Но важно е секој наш член, секој Вардарец, сега кога е најтешко да застане зад клубот. Свесни сме дека сме сами, но свесни сме и дека само сплотени можеме да стигнеме до целта.
Во среда (23.08.2023), на стадионот “Борис Трајковски”, потребна е силна поддршка од наша страна. Затоа, не се мисли, не барај изговор – дојди и биди тука, зошто сега е тешко, сега сме најпотребни!
Во среда не постои друга опција, освен победа против Силекс!“