Лапорт се договорил со Ал Наср за годишна плата од 20 милиони евра

171

Нов трансфер во Саудиска Арабија. Шпанскиот дефанзивец Ајмерик Лапорте ќе го напушти Манчестер Сити и ќе премине во редовите на Ал Наср, пренесуваат шпански медиуми и новинарот Фабрицио Романо.
Подетално: Лапорт ќе потпише тригодишен договор за плата од 20 милиони евра по сезона. Манчестер Сити ќе добие околу 30 милиони евра.

Централниот бек дојде во Сити во 2018 година од Атлетик Билбао. Тогаш „граѓаните“ го купија за околу 57 милиони фунти.

ПретходноДинамо Загреб казнет – без навивачи на гостувањата
СледноЃорческа напредуваше 10 места на ВТА листата