Лотар Матеус: Хари Кејн вреди за сите пари!

342

Легендата и иконата на германскиот фудбал Лотар Матеус е воодушевен од првите настапи на Хари Кејн во дресот на Баерн Минхен. Познато е дека “баварците“ со неговиот ангажман го урнаа својот клупскои рекорд во висина на трансферите, а Матеус вели дека Англичанецот веднаш покажал дека вреди за сите пари кои Баерн Минхен ги вложи во него.

“Мислам дека вреди за сите пари. Овој трансфер и тоа како ќе му се исплати на Баерн во наредните 3-4 години. Со Хари Кејн тимот на Баерн добива лидер кој ќе ги направи поквалитетни сите околу него. Тој никогаш не се крие на теренот, постојано бара топка. Мислам дека одлично се вклопува и дека ќе биде новиот Томас Милер“ рече покрај другото Матеус.

ПретходноШок на Островот: Ливерпул тргнува по Калвин Филипс од Сити!
СледноЛонзо Бол потврди дека ќе ја пропушти цела сезона