Официјално: Јунајтед со “шут – карта“ за Гринвуд!

476

Нема веќе дилеми. Истрагата е завршена и Манчестер Јунајтед ја донесе конечната одлука. А таа дека Мејсон Гринвуд не е веќе фудбалер на овој клуб. Англискиот офанзивец нема веќе иднина во клубот од „Олд Трафорд“.Сепак сеуште не се знае дефинитивно дали тој ќе оди во друг клуб како слободен играч или како позајмен.

Инаку ова доаѓа по скандалот во јануари минатата година кога фудбалерот беше обвинет за обид за силување и насилничко однесување кон својата девојка. Од тогаш не беше во тимот, мина со условна казна од судот, но истата ја прекршил.

Инаку Гринвуд пред овој случај важеше за еден од најголемите потенцијали не само на Манчестер Јунајтед, туку воопшто на англискиот фудбал.

ПретходноХерера асистент во победата на Борац (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Разиграната Брера со водство кај „комбинираната“ Струга ТЛ (ВИДЕО)