Покетино: Резултатот не ја кажува ситуацијата на теренот

137

Екипата на Челзи викендов доживеа шок пораз од Вест Хем со 3:1. „Сините“ и покрај големите амбиции, големиот ремонт на тимот, и стотиците милиони потрошени на засилувања, сепак, не тргнаа како што треба сезонава.

Менџерот Маурусио Покетино е разочаран од резултатот против Вест Хем.

„Мислам дека резултатот не го кажува она што се случуваше на теренот, но во фудбалот се случуваат такви работи. Разочаран сум од начинот на кој го примивме првиот гол. Знаевме дека Вест Хем е силен. Тоа е малку разочарувачки и мораме да работиме на повеќе аспекти. Мислам дека игравме многу добро во првото полувреме и требаше да водиме на паузата. Но, тоа е процес. Мораме да се помириме со поразот и да продолжиме понатаму. Да го реализиравме пеналот, мечот ќе беше поинаков“, убеден е Покетино.

ПретходноЕкспресна реакција во Загреб: Сергеј Јакировиќ е нов тренер на Динамо
СледноИма договор: Несторовски со ДА за Тернана!