По првите 45.минути од последниот меч од 3.коло во ПМФЛ, Брера Струмица како гостин води со 0:1 кај шампионот. И дефинитивно Струга ТЛ ги чува силите за мечот со Бреидаблик во четврток од плеј – офот во ЛК. Стружани денешниот меч го почнаа без Ќосевски, Радиќ, Мазрекај, Бојку, Шабани, Згуро, Ибраими…
Сепак струмичани одиграа квалитетни 45.минути,создадоа неколку шанси за гол а Крстевски во 26.минута погоди за 0:1 за Брера.
Да кажеме дека стружани во два наврати бараа пенал, но судијата Крумислав Ѓорѓиев не покажа на белата точка и покрај протестите на домашните.