Вчера и денеска од Франција и Шпанија доаѓаат две различни вести. Првата е дека Реал Мадрид ќе чека до 30 или 31 август за да со 120 милиони евра сепак успее да дојде до Килијан Мбапе. Втората вест е дека од вчера Мбапе и ПСЖ, односно претставниците на двете страни ги започнале преговорите со цел да се продолжи договорот до 2025. Начелно Мбапе не бил против, па може да се каже дека веројатно сега почнува тоталниот пресврт на сагата –Мбапе и неговото заминување во Реал Мадрид.
Инаку најново е тоа, оваа вест е од доцна попладнево, дека ПСЖ ја одредил цената ако сака некој да ги купи Мбапе.
Таа изнесува 250 милиони евра.