Пулишиќ го однесе Милан до премиерна победа во Серија А (ВИДЕО)

192

Фудбалерите на Милан со победа ја отворија новата сезона во Италија, откако со 2:0 на гости ја победија Болоња во првото коло од италијанската Серија А.

Кристијан Пулишиќ, очигледно, ќе биде откритието на Милан за оваа сезона, откако репрезентативецот на САД беше исклучително расположен за игра. Во 11. минута по негова асистенција, Жиру погоди за 1:0, а со прекрасен гол 10-тина минути подоцна, Пулишиќ ги постави и конечните 2:0.

Болоња, немаше среќа да постигне гол, а лесно можеше да погоди уште во првата минута кога Ликојанис ја погоди гредата.

ПретходноЗанго, конечно, освои злато, Холовеј направи хет-трик на 110 метри со пречки (ВИДЕО)
СледноАрсенал со гол од пенал до три бода кај Кристал Палас (ВИДЕО)