Ричардсон со нов рекорд на светските првенства стана најбрза жена на планетата! (ВИДЕО)

206

Шакари Ричардсон од САД е новата светска шампионка на 100 метри. Таа во големото финале на „стотка“ вечерва во Будимпешта, успеа ги совлада спринтерките од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон и да се закити со најсјајниот медал.

Американката, која ги пропушти Олимписките игри во Токио поради позитивен допинг тест на канабис, ги шокираше соперничките од Јамајка постигнувајќи резултат кој е нов рекорд на светските првенства. Ричардсон истрча време од 10,65 секунди доволно за злато.

Светската шампионка на 200 метри од Орегон, Шерика Џексон, заврши на второто место со резултат 10,72 секунди, додека петкратната светска шампионка на 100 метри, Шели-Ен Фрејзер-Прајс ја освои бронзата со време 10,77 секунди.

ПретходноБаерн се согласи да му го продаде Павард на Интер, но само под еден услов
СледноЗанго, конечно, освои злато, Холовеј направи хет-трик на 110 метри со пречки (ВИДЕО)