РК Бутел потпиша договори со тројца млади ракометари

171

Тимот на Бутел Скопје пред стартот на новата сезона ја продолжи соработката со тројца млади ракометари. Станува збор за левиот бек Илија Пејковски, левото крило Филип Бошковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски.

Сите тројца ракометари ја продолжија верноста за уште три сезони и ќе останат дел од клубот најмалку до 2026 година. Следен предизвик за Бутел Скопје и ракометарите ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23 до 26 август.

ПретходноСтефан Ристовски остана без тренер, Бишчан доби отказ во Динамо
СледноДробаров и Черно Море по триумфот над Лудогорец се лидери во Бугарија