Екипата на Динамо Загреб, на чело со нашиот интернционалец, Стефан Ристовски денеска официјално остана без тренер.
Управата одлучи да му врачи отказ на Игор Бишчан, по дебаклот во третото коло од Квалификациите за Лигата на Шампионите против АЕК во Атина, кога Динамо во судиското продолжение имаше 0:2 и пласман понатаму, за да во пет минути прими два гола и на крајот испадне.
Динамо во соопштението за смената на Бишчан вели дека дополнително ќе ја информира јавноста за понатамошните потези.