И по 180 минути од стартот на новата сезона во Ла Лига, нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се уште е со празна мрежа. Рајо Ваљекано со идентични 2:0 како и во првото коло против Алмерија, така и вечерва на гости кај Гранада славеше нова победа и запиша нови три бода кои го носат на делба на првите позиции на табелата во шпанската елита.
Двата одлучувачки гола беа постигнати во второто полувреме во период од само 4 минути, кога Гарсија и Сис погодија за гостите, кои до крајот имаа уште две чисти шанса и за поубедлив триумф. Столе останува во друштво на Тер Штеген од Барселона како единствени двајца голмани во Ла Лига кои по првите две кола немаат примено гол.