Швеѓанецот Стал со нов рекорд на СП го „грабна“ златото во фрлање диск (ВИДЕО)

89

Швеѓанецот Даниел Стал во неверојатно драматична завршница го освои златото во фрлање диск на светското атлетско првенство во Будимпешта. Во ретко возбудлива завршница, последната серија решаваше за името на новиот светски првак.

Прво, словенечкиот фрлач на диск Кристјан Чех успеа да ја натфрли конкуренцијата во последната шеста серија префрлувајќи 70 метри и два сантиметри, но во последното фрлање на затворање на големото финале, данецот Стал се надмина себеси и со фрлање од 71 метар и 46 сантиметри, не само што успеа да го освои златниот медал, туку успеа да го собори и рекордот на светските првенства.

Третото место и бронзениот медал му припадна на Миколас Алекна од Литванија, син на легендарниот Виргилиус Алекна, кој своевремено беше светски и олимписки шампион.

ПретходноЛонзо Бол потврди дека ќе ја пропушти цела сезона
СледноБаерн се согласи да му го продаде Павард на Интер, но само под еден услов