Што кажува табелата: Струмичка перфекција, четири клуба со по 6 бодови, Вардар сеуште е на НУЛА!

685

 

Попладнево покрај Езерото, Брера Струмица со 1:2 успеа са трумфира кај Струга ТЛ и си тоа да дојде до „три од три“. Секакодека струмичани го искористија фактот дека тренерот на стружани Шпетим Дуро комбинираше со составот, но сепак тоа не ја намалува вредноста на оваа победа за тимот на Џовани Валенти.

Со овој меч се стави крај на 3.коло во новата сезона, а еве што кажува табелата.

Брера Струмица е перфектна,има 9 бодови од исто толку можни, а четири клубови имаат по 6 бода. Вардар пак и потри одигра меча нема освоено барем бод. Да кажеме дека допрва треба да се одигра мечот ид 2.коло меѓу Шкендија и Струга ТЛ, и ако победат тетовци тогаш и тие ќе имаат максимални 9 бода.

ТАБЕЛА: Брера Струмица 9, Тиквеш 6, Шкендија 6 (-1), Работнички 6, Брегалница 6, Силекс 4, Шкупи 4, Струга ТЛ 3 (-1), Македонија ЃП 3, Воска 3, Вардар 0, Гостивар 0…

ПретходноПМФЛ: Оваа Брера не се шегува…триумф и кај шампионот! (ВИДЕО)
СледноПСЖ и официјално ја одреди цената за Мбапе!