Ѓорческа напредуваше 10 места на ВТА листата

333

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа има скок од десет места на денеска објавената ранг листа на ВТА. Напредокот се должи на финалето минатата недела на фјучрсот во Осиек. Лина има 315 поени и се наоѓа на 237.то место.

Со ист број поени како и претходната недела – 5, Магдалена Стоилковска е рангирана на 1351.то место и има пад за шест места.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 282.то место со 285 поени (скок за две позиции), додека Александра Симева е рангирана е на 1433.то место со 8 поени (подобар пласман за три места).

Во машка конкуренција, Калин Ивановски напредуваше за едно место и сега е на 307 позиција на АТП ранкингот. Во машка конкуренција, Калин Ивановски напредуваше за едно место и сега е на 307 позиција на АТП ранкингот. Горазд Србљак е на 1134 место, а Обрад Марковски скокна за шест позиции и сега е 1226. тенисер во светот.

ПретходноЛапорт се договорил со Ал Наср за годишна плата од 20 милиони евра
СледноИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ СО ПОБЕДА ВО ШВАЈЦАРИЈА