Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров со својот тим Черно Море се лидери на табелата во Бугарскиот шампионат откако викендов во големото дерби го совлада тимот на Лудогорец.
Победата од 1:0 е петта во шест мечеви за тимот на Чермо Море по што лидерското место за Дробаров и неговите соиграчи е нормален развој на настаните.
Дробаров има одлична сезона зад себе, зборуваме за онаа минатата, а и годинава е една од главните карики на клубот кој има очигледно амбиции но и квалитет за највисок пласман.