Новак му се извини на Иванишевиќ: Не знам како ме поднесува!

6600

Познато е дека за време на мечевите Новак Ѓоковиќ, кога е најтешко, кога се “крши“ резултатот а тој има проблеми, знае и тоа да им викне на луѓето во неговиот стручен штаб. Посебно кон Горан Иванишевиќ.

Така беше и на последниот меч со Карлос Алкараз во фиалето во Синсинати, кој патем го доби по голема борба.

Во еден момент кога буквално снема сила почна да им се дере на Иванишевиќ и на останатите.

По мечот сфатил дека погрешил или претерал во реакциите па јавно му се извини на Хрватот.

Понекогаш не знам како може да ме поднесат, но им благодарам. И во тешките моменти во кариерата па и на овој меч“ посочи покрај другото Србинот.

ПретходноИвановски:КК Пелистер ќе биде модерен кошаркарски колектив!
СледноПМФЛ: Оваа Брера не се шегува…триумф и кај шампионот! (ВИДЕО)