Ѓоковиќ се врати од амбисот и го совлада Алкарас за титула во Синсинати

421

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати од „амбисот“ и го совлада Карлос Алкарас во финалето на Мастерсот во Синсинати. Новак беше пред пораз но волшебно се врати во мечот па на крајот славеше победа за 39. титула на мастерс турнирите.
Шпанецот имаше сет и брејк предност, Ноле беше на колена, побара и помош од доктор, но се врати во живот и после три часа и 50 минути беспоштедна борба, славеше со 5:7, 7:6 и 7:6.

Ова беше неверојатно финале. Ѓоковиќ бараше помош од доктор, го мереше пулсот па делуваше дека ќе го предаде мечот, меѓутоа се врати. Имаше неверојатни поени, спасени меч топки од двајцата тенисери и на крајот славење на српскиот тенисер.
Србинот и Шпанецот го одиграа најдолгиот меч во историјата на турнирот.

Со тоа Ѓоковиќ му се одмазди на Алкарас за поразот во финалето на Вимблдон. Претходно Алкарас го доби нивниот меѓусебен дуел во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид минатата година, а Ноле му се одмазди во истата фаза на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ е на третото место со најмногу победи, затоа што ги им 1069. Пред него се само Џими Конорс со 1274 и Роџер Федерер со 1251, меѓутоа Новак има подобар процент на успешност од 83,5% затоа што има 211 порази.

Двајцата ќе настапат на УС Опен кој почнува на 28 август. Шпанецот ќе го брани трофејот, а Ноле се враќа на турнирот затоа што минатата година не му беше дозволен влез во САД поради тоа што не е вакциниран за коронавирус.

 

 

ПретходноЈувентус убедлив во Удине, Лече со два брзи гола го победи Лацио
СледноКоко Гoф e најмладата освојувачка на трофејот во Синсинати