Двократниот европски првак во Лигата на шампиони, Вардар 1961 по една сезона пауза се враќа на европска сцена, но во една поинаква улога и секако различно натпреварување.
Најтрофејниот македонски клуб ќе игра против Рајн Некар за пласман во групната фаза во Европската лига. И ова не е единствениот новитет оваа сезона, промените во составот на „црвено-црните“ се изненадување во европскиот ракомет. Како што велат од ЕХФ на теренот ќе го нема капитенот Стојанче Стоилов, кој одлучи да ги „закачи“ патиките и да се влезе во тренерски води.
Во текстот кој на ЕХФ оди како најава за Вардар 1961 за сето она што се случи во изминатиот период, од превземањето на Борко Ристовски на функцијата извршен директор до ангажирање на странски младите ракометари, во очи паѓаат добро одбраните зборови за Стоилов.
„Несомнено, искусниот голман, особено капитенот Стоилов ќе недостигаат на теренот. 36-годишниот Стоилов е срцето и душата на клубот. Тој се пензионира како една од најголемите, ако не и најголемиот легенди во историјата на клубот. Ако нешто е сигурно, е фактот дека секогаш Столе кога е блиску до теренот, на оние околу него никогаш не им недостасува енергија, страст…“, се вели во текстот на ЕХФ.
Вардар 1961 во сабота на домашен терен го игра првиот меч против Рајн Некар, билетите веќе се пуштени во продажба.