Лукаку понижен како никогаш!

1206

Иднината на Ромелу Лукаку е се понеизвесна, а летниот преоден рок е при крај. Белгискиот напаѓач се наоѓа во незавидна ситуација, но сепак се надева на најдоброто решение за кариерата.

Лукаку тренира со играчите на Челзи до 21 година и дури не разговарал со тренерот Покетино откако ја повторил желбата да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по враќањето од позајмицата во Интер.

Така, новиот менаџер на Челзи не смета на Лукаку, а клубот го понижи испраќајќи го да тренира со децата.

Челзи нема милост кон 30-годишниот, кој претходно потроши две добри шанси. Тој првично одби да се приклучи на Саудиски Ал Хилал, што ќе донесеше богатство за него и за клубот, а потоа го саботираше потенцијалното враќање во Интер, со кого беше шампион пред две сезони.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Џовани Валенти (Брера Струмица)
СледноТрансферот на Гедбан во Топ 10: Му помогна на Вардар, сега има иста цел со Пелистер