Управата на тимот на Струга Трим Лум денеска објави дека и официјално се пуштени во продажба билетите за претстојниот дуел од плеј офот во Конференциската лига против тимот на Бреидаблик од Исланд.
Мечот се игра в четврток со почеток од 17:00 часот во Охрид на стадионот Билјанини Извори, а билетите чинат 300 денари.