Жалбата на Јувентус за враќање на титулата во Серија А од сезоната 2005/06 е официјално одбиена.
Вчера италијанскиот државен совет отфрли уште еден обид на „Бјанконерите“ да ја оспорат одлуката со која на тимот му се одзема титулата во 2006 година. Јувентус испрати жалба, во која обвинети беа Италијанската фудбалска федерација, Интер и Италијанскиот олимписки комитет. Судот одлучи дека истата е неоснована и титулата конечно му беше доделена на Интер.
Јувентус ја заврши сезоната 2005/06 со рекордни 91 бод во првенството, но поради учество во корупциски скандал во италијанскиот фудбал, познат како „калчополи“, беше дисквалификуван, му беше одземена титулата и беше префрлен во Серија Б.