Ал Наср вложи многу пари, а за малку ќе останеше без пласман во групите од ЛШ

471

И покрај тоа што вложија многу пари во засилувања, Ал Наср за малку ќе останеше без пласман во групната фаза од азиската Лига на шампиони. За Ал Наср од првата минута играше и Кристијано Роналдо, а сите очекуваа на стадионот во Дубаи победа и сигурен влез во ЛШ. Меѓутоа противникот Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати го измачи домашниот тим.

Ал Наср поведе со голот на Талиска, но гостите со головите на Ал Гасани го свртеа резултатот во своја полза. Резултатот не се менуваше се до 88 минута кога изедначи Ал Ганам и го спаси Ал Наср од елиминација. Во петтата минута од судиското продолжение Талиска погоди за 2:1 за Ал Наср, а по него и Брозовиќ ги постави конечните 4:2.

Ал Наср обезбеди пласман во групната фаза на азиската Лига на шампиони. Ждрепката за пополнување на групите ќе се одржи на 24 август во Куала Лумпур, Малезија. Ќе учествуваат 40 тимови поделени во 10 групи од по четири екипи.

ПретходноТамбери e светски шампион во скок во височина, a Таусага е прва „златна“ Американка во фрлање на диск
СледноИсчезна фудбалер на Горица, полицијата се сомнева во киднапирање