Без изненадување, Пешиќ одбра за Мундобаскетот!

175

Светислав Пешиќ го објави конечниот список од 12 играчи кои ќе ја претставуваат Србија на Светското првенство во кошарка. Алекса Раданов отпадна од претходниот список од 13 имиња и нема да биде со соиграчите во Манила. Ова се очекуваше бидејќи не одигра ниту една минута на натпреварите против домаќините и Бразил на турнирот во Кина.

Србија во групната фаза игра со Кина (26.08), Порторико (28.08) и Јужен Судан (30.08).

Список Србија: Стефан Јовиќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Дејан Давидовац, Бориша Симаниќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Душан Ристиќ и Никола Милутинов. Алакса Раданов ќе биде прва опција за замена.

ПретходноВардар ги потврди Васоски и Хаџиевски
СледноВалентин Кочоски е нов играч на Воска