Бен Талеб се враќа во Струмица, шампионот преговара и со коректор од Унгарија

258

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица полека се обидува да го состави ростерот за новата сезона во која ги очекува уште едно големо европско искуство со настапот во првата фаза од натпреварите во ЦЕВ Лигата на шампионите. Струмичани од 27 до 29 октомври во Бургас (Бугарија) ќе учествуваат на еден од турнирите во првата фаза на најсилното клупско натпреварување каде против домашниот Нефтохимик, како и екипите на Фино Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора ќе се борат за едно од местата кои водат во втората рунда.

Претседателот и капитен на тимот, Владо Милев, потврди дека во Струмица се враќа поранешиот одбојкар на тимот, Тунижанецот Хамди Бен Тале, кој минатата сезона ја помина во дресот на тетовска Шкендија. Бен Талеб ќе биде засилување за надворешната позиција, но во клубот работат и на ангажман на нов среден блокер и нов коректор.

Во моментов Струмица преговара со коректор од Унгарија, а исто така траат преговори и со дел од играчите од актуелниот тим, кои немаат договори за новата сезона. Најавите од Струмица велат дека тренерот Кире Ричлиев ќе го има на располагање и Деан Глобоцки од Канада, кој и минатата сезона го носеше дресот на шампионот.

ПретходноСудот официјално потврди: Отфрлена жалбата на Јувентус, Интер е шампион на Италија за 2005/06
СледноПоследен филтер: Почнува плеј-офот за место во групната фаза на ЛШ