Досегашниот напаѓач на тимот на Струга Трим Лум, Валентин Кочоски е нов играч на тимот на Воска.
Прволигашот реагираше најбргу откако Кочоски изненадувачки си замина од шампионот на Македонија, и го доведе во своите редови.
Со ова Воска станува уште посилна во однос на моменталниот состав, и амбициите кои посакува да ги оствари во овогодинешниот ПМФЛ шампионат.