Она што Спортспорт претпладнево денеска го најави, Вардар во моментов го потврдува. Александар Васоски е нов тренер на ФК Вардар, додека пак Ѓоко Хаџиевски е нов спортски директор.
По заминувањето на Бобан Грнчаров односно Александар Бајевски од овие позиции, Васоски и Хаџиевски се оние кои ги пополнуваат испразнетите позиции.
Вардар во моментов е без бодови по три одиграни кола во новиот ПМФЛ шампионат, и се очекува шок терапија веќе утре на дуелот против Силекс на домашен терен со новитетите на клупата односно во раководните структури.