Непознатиот Ахмед Иљазовски се очекува да биде во списокот на селекторот Благоја Милевски за квалификациксите дуели со Италија и Малта кои ги играме на почетокот на септември.
„СпортСпорт“ дознава дека веќе е во процес за добивање на пасош на десниот бек кој настапува во Данска, кој има 26 години и кој ги брани боите на прволигашот Хвидовре.
Иљазовски статистички е одличен, игра во силидна лига и за клуб кој е нов во елитата на оваа земја. Покрај десната бековска позиција тој игра и како стопер па со оглед на проблемите кои ги имаме на тие позиции Милевски бара алтернативи кои би можеле да внесат свежина во репрезентацијата.
Според најавите Ахмед Иљазовски прифатил да го носи дресот на Македонија, и покрај тоа што има државјанство на Данска. Неговите родители се од Македонија и тој веќе има наше државјанство а со тоа и право за настап во националниот тим.
Позицијата десен бек, десен стопер исто така стана проблематична и по одлуката на капитенот Стефан Ристовски да се повлече од националниот тим поради лошата коминукација со селекторот Благоја Милевски, кој иако беше пред смена ја доби довербата од УО на ФФМ и остана на селекторската клупа.
Нашиот национален тим на 9 септември во Скопје игра со Италија а на 12 истиот месец и гостува на Малта. Деновиве се очекува и комплетниот список со фудбалери на кој ново име треба да биде токму Иљазовски.