Фудбалерот на Горица, Хамид Абдула Талал, синоќа исчезнал во Унгарија откако му се јавил на својот менаџер дека ќе тргнува за Хрватска. Хамит пред десеттина дена потпишал договор со Горица, а во саботата заминал во Будимпешта за да ги подигне потребните документи за регистрација како и личните работи кои требало да ги однесе во Хрватска.
Вчера изутрина го имал последниот контакт со својот менаџер на кого му кажал дека се спрема за Горица. Од тогаш му се губи трага, а денеска унгарската полиција го пронашла неговиот автомобил, но во него не бил и фудбалерот.
Полицијата се сомнева во киднапирање и се уште работи на расчистување на случајот.