Македонската фудбалска репрезентација на 9. септември на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Италија во рамките на квалификациите за ЕУРО 2024.
На трибините ќе има и гостински навивачи, најавени се околу 500-тина, а тамошната федерација излезе со известување дека билетите се пуштени во продажба и тоа по цена од 12 евра.
Македонија на оваа средба во составот ќе го нема Стефан Ристовски, а „СпортСпорт“ дознава дека Благоја Милевски веќе ја има замената за него.