И тоа го има во Србија, од Младост Лучани директно во Стоук

786

Досегашниот играч на тимот на Младост Лучани, Никола Јојиќ, е верувале или не нов член на тимот на Стоук. Во моментов клубот е дел од Чемпиошип лигата но во Англија таа лига е речиси идентично силна како и Премиер лигата со исклучок на два три тима.
Па така, на изненадување на српската но и на англиската јавност, Стоук се реши да го ангажира 19. годишниот Јојиќ кој потпиша договор до 2026 година, а целиот трансфер чини околу 4 милиони фунти.

Јојиќ за информација има само еден меч одиграно за У21 репрезентацијата на Србија,  на 45 меча за Младост погоди девет пати, а асистираше единаесет.

Тимот на Младост Лучани пред извесен период го продаде Ѓорѓе Гордиќ на Манчестер Сити.

 

ПретходноОд денеска во продажба билетите за мечот Струга Трим Лум – Бреидаблик
СледноМанчестер Сити во следните два натпревари ќе биде без Гвардиола