Аргентински Индепендиенте го именува Карлос Тевез за нов тренер на екипата. Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Јувентус потпиша договор со 16-кратниот аргентински шампион. Ова му е втора тренерска работа на Тевез.
Претходно, во 2022 година кратко работеше во Росарио Централ.
Минатата сезона, Индепендиенте заврши на 24. позиција од 28 тимови, шест бода од дното. Во новата сезона во првото коло доживеа пораз на домашен терен од Колон (0:1).