ЛШ: АЕК загуби во Антверп, реми со четири гола меѓу Ренџерс и ПСВ

178

Со голот на Венсан Јансен во 16. минута, белгиски Антверпен го совлада АЕК Атина со 1:0 во првиот меч од плеј-офот за пласман во ЛШ. Антверпен од 51 минута имаше и играч помалку затоа што поцрвене играчот за врска Батаил, но успеа да победи и со предност да оди на гости во Атина.

Во Глазгов, Ренџерс и ПСВ одиграа 2:2. Домашните водеа на полувреме со гол на Сима. Во вториот дел гостите изедначија преку Сангаре. Во 78 минута Ренџерс одново поведе, сега со погодок на Матондо, а изедначи Лук де Јонг две минути подоцна.

А во Полска, Раков е поразен од Копенхаген со 0:1. Гостите победија со автоголот на Ракотан во 9. минута. Раков постигна гол во 39 минута кој беше поништен поради офсајд.

РЕЗУЛТАТИ
ПЛЕЈ-ОФ ЗА ЛШ (ПРВИ НАПТРЕВАРИ)
АНТВЕРПЕН – АЕК           1:0
РАКОВ – КОПЕНХАГЕН   0:1
РЕНЏЕРС – ПСВ 2:2
СРЕДА (23.08.2023)
БРАГА – ПАНАТИНАИКОС             21:00 ч.
МАКАБИ ХАИФА – ЈАНГ БОЈС     21:00 ч.
МОЛДЕ – ГАЛАТАСАРАЈ 21:00 ч.

ПретходноКипјегон го одбрани светското злато на 1500 метри
СледноКарлос Тевез стана тренер на Индепендиенте