Омер Буњаку е новиот спортски директор на косовскиот Балкани. Тој доаѓа на местото на Ндерим Неџипи кој замина во Турција и стана спортски директор на Маниса.
Буњаку, како спортски директор на Шкупи во сезоната 2021/22, се разбира заедно со тренерот Гоце Седлоски дојде до шамионската титула,и тоа по цели две децении. Во летото Шкупи под водство на Буњаку играше и во Европа, во квалификациите во ЛШ, во ЛЕ и во ЛК.
Но таму чаирчани беа елиминирани токму од Балкани, косовскиот тим и на двете средби успеа да го совлада Шкупи.