Пародија на теренот: Во Кина фудбал се игра и во вода до глуждови (ВИДЕО)

224

Кинескиот судија Менг Ксијангкун не сметаше дека поплавениот терен на меч од кинеското првенство е причина истиот да биде прекинат. Според видеата кои се појавија на социјалните мрежи, дуелот меѓу Зибо Чишенг и Шаоксинг Шангју Птеросаур и покрај многу лошите временски услови не беше прекинат, па се играше буквално на вода.

Тревникот беше буквално поплавен, а играчите на двата тима се намачија да ги доиграат последните 15-тина минути. Играчите беа буквално во вода до глуждови, а топката лебдеше наместо нормално да се тркала.

ПретходноЛиверпул ќе го обжали црвениот картон на Мек Алистер
СледноСимона Халеп исфрлена од списокот на учесници на УС Опен