Пиоли: Пулишиќ е голем талент, Жиру е лидер, а Леао има суперсила

250

Стефано Пиоли беше презадоволен од победата на Милан во 1. коло од Серија А на гостувањето кај Болоња. „Росонерите“ на гости ја победија Болоња со 2-0 со головите на Оливие Жиру и Кристијан Пулишиќ.

„Треба да работиме повеќе за да најдеме рамнотежа, но оние што доаѓаат кај нас дефинитивно знаат како да играат фудбал и тоа е добар почеток. Знаев дека Пулишиќ е талент, никогаш немаше никаков сомнеж во тоа. Беше очигледно дека ќе додаде квалитет на тимот. Жиру е играч за пример, тој е лидер на теренот и надвор од него, секогаш има правилен став и е подготвен да работи за тимот. Разговарам со Лео секој ден и се обидувам да му објаснам дека неговиот талент е суперсила, но тој мора да ја искористи како со оваа суперсила да му помогне на тимот. Ако сите научиме да се жртвуваме и да работиме без топка, мислам дека можеме да постигнеме многу“, изјави Пиоли.

ПретходноСтоле не прими гол 180 минути, Рајо повторно слави (ВИДЕО)
СледноЧелзи си договори ново засилување: Српски голман од МЛС доаѓа во Лондон